ХОТЕЛИ

Париз и Дизниленд


Париз и Дизниленд
pariz 1pariz 2pariz 3pariz 4pariz 5pariz 6Париз 1Париз2Париз 3

Градот на светлината - ПАРИЗ


05. Декември (Петок) СКОПЈЕ - ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Полетување за Париз во 05.45 и пристигнување во Париз во 08.30 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот, со запознавање на Париз, градот на светлината, полн со гламур и културни знаменитости. Панорамски разглед на градот: Големите булевари, мостовите и кејовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург... Сместување во хотелот. Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од третиот кат (со метро). Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Вечерна прошетка по познатата улица Шанзелизе. Ноќевање.

06. Декември (Сабота) ПАРИЗ - ВЕРСАЈ
Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, салата со огледала и прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, со многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило.... Посета на модерниот бизнис центар Дефанс - парискиот кварт од 21. Век. Во вечерните часови, препорачуваме прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Прошетката продолжува до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Ноќевање.

07. Декември (Недела) ПАРИЗ - ЛУВР или ДИЗНИЛЕНД
Појадок. Организирана посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите... Во попладневните часови, посета на Катедралата НотрДам, во најстариот дел од Париз. Прошетка до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт.Или, можност за целодневна факултативна посета на забавниот парк Disneyland, во светот наприказните со многубројните атракции, претстави и паради (превоз со брз воз RER). Ноќевање.

08. Декември (Понеделник) ПАРИЗ - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 09.00 и пристигнување во 11.45 часот.


За уплата до 25 Ноември: 299 евра (18.550 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 329 евра (20.400 денари)



ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)

- Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром

- Сместување во Хотел Campanile Pantin 3* во Париз (www.campanile.com/fr/hotels/campanile-paris-
est-pantin) во Париз на база 3 ноќевања со појадок

- Оганизиран разглед на Париз

- Оганизирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 5.480 денари

- Голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.000 денари

или Багаж за чекирање (1 куфер до 32 kg) 2.880 денари

- Посета на Версај 50 евра (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот)

- Карти за јавен превоз (метро)

- Влезница за Ајфелова Кула до третиот кат 16 евра, Крстарење со брод по Сена 12 евра

- Посета на Лувр (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот) 30 евра

- Посета на Дизниленд

- Патничко-здравствено осигурување


НАПОМЕНИ: За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс

1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Аранжмани


Моментално непостојат активни аранжмани за овој хотел.

Напредно пребарување