Начини на плаќање

Порталот на клиентите  им овозможува да плаќаат со уплатница и платежни картички  Mastercard, Maestro, Visa и Visa Electron.

За ден на плаќање се смета датумот на кој договорната страна врши плаќање со платежната картичка. Кога се плаќа со уплатница во банка, датум  на плаќање е денот кога оdmorise.mk открие прилив од корисникот или тогаш кога корисникот ќе испрати доказ за направена уплата по факс или e-mail.
Кога се врши плаќање со уплатница во банка, препорачуваме што е можно поскоро да се испрати доказ за уплата по e-mail: rezervacija@odmorise.mk  или по факс 02/614 74 37. Доколку оdmorise.mk не добие доказ за уплата или не може да открие прилив на банкарска сметка во начинот и времето како што е дефинирано во општите услови за патување , агенцијата ја откажува  резервацијата и се смета дека услугата никогаш не била нарачана и не е склучен договор.

Авансот за резервација и трошоците за резервација кои треба да ги плати патникот по пополнување на пријавата изнесува 30% од цената на аранжманот или од цената наведена во програмата за патување. Остатокот  корисникот го плаќа најмалку 10 дена пред патувањето, или како што е наведено во програмата. Во случај кога остатокот од договорните обврски патниците не ги платат во предвидениот рок се смета дека престануваат со патувањето, и започнува да се применуваат одредбите за престанок на патувањето на патниците (точка ” Право на патникот за откажување на патувањето  од Општи услови и упатствата за патување на СКТМ).

Навремено и точно  плаќање на аранжманот на патникот му се гарантираат одредени права и обврски како и услови наведени во Општи услови и упатства за патување на СКТМ.

Агенцијата е должна на патникот да му издаде  документ дека е извршена уплата на аранжманот (упатување / ваучер и / или потврда  за депозит).

УПАТСТВО ЗА ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ УПЛАТНИЦА

Уплатете најмалку 30% од вкупна сума на аранжманот или патувањето за да резервацијата ви биде реализирана. Информации за потполнување на уплатницата се прикажани на сликата подолу.

 

По уплатата во банка, препорачуваме да ни испратите доказ за уплата по e-mail: rezervacija@odmorise.mk  или по факс 02/317 96 85. Резервацијата ќе биде потврдена по примање на доказот за уплата од минимум 30% од вкупната сума или тогаш кога ќе се открие прилив на нашата банкарска сметка.

 

 

Ви треба помош?

За помош или резервација на било која понуда, Ве молиме јавете се на:

02/6147437

078/368-048

Топ Аранжмани




© 2015 ОдмориСе | Сите права се задржани. | Авторски права


Контакт информации

ОДМОРИ СЕ ТРАВЕЛ ДООЕЛ
Кочо Рацин бр.14, 1000 Скопје
Работнички Универзитет (ЦЕНТАР)
Тел: 02 614 74 37
Моб: 078 368 048
Емаил: contact@odmorise.mk
Информатор

Оставете Ваш e-mail за да ги добивате нашите актуелни понуди.