Сицилија

 

Опојниот мирис на Медитеранот и маслинките, музика која ве раздвижува, храна и вино кои ги будат сите сетила, се само дел од сицилијанското искуство.
Како ретко каде, во Сицилија туристите наидуваат срдечен и топол дочек од гостопримливите домаќини, со несекојдневно пријатен и пријателски третман во текот на целиот одмор. Италијаните за неа велат дека е ,,повеќе од остров’’ и ,,ако ја видите, сте го виделе целиот свет’’, и не лажат. На едно место оваа космополитска дестинација ги спојува културите на Азија, Европа и Африка, оживувајќи ги со изобилството древни историски споменици, антички храмови, амфитеатри, средновековни катедрали и палати. Низ бурната историја долга повеќе од три милениуми, на ова тло стапнале мноштво освојувачи, меѓу кои и Грците, Римјаните, Арапите, Норманите, Феничаните…Сите оставиле свои траги врз архитектурата и фолклорот, претворајќи ја, денес автономната италијанска регија, во вистинска градина на културите и лулка на историјата.
Кога на богатото културно наследство ќе се додадат раскошната природа и живописните пејсажи, убавите градови и мистичните села со рустикален амбиент, тиркизно синото море со кристално чиста вода и песочните плажи, јасно е дека со својата понуда може да ги задоволи вкусовите дури и најпребирливите.

Релјефно таа наликува на триаголник и затоа е препознатлива и по името Тринакрија, што потекнува од грчките зборови treis-три и akra-испакнато копно. Тука многу работи се вртат околу бројот три, три вери и култури, три мориња, три ʽрта… Сицилијанскиот јазик е комбинација на три јазици – италијански, арапски и шпански, и основни производи се виното, житото и цвеќињата.
Овој остров го земал најдоброто од трите континенти, и еден краток престој таму сигурно ќе ве увери во ова.

Кога ќе погледнете со свои очи ќе ја видите убавината на Сицилија, која е посебна, поинаква, возбудлива, магична во однос на другите делови на Италија.

Термини:
04.10.-11.10.2017 / 08.10.-15.10.2017 / 11.10. – 18.10.2017 / 18.10. – 25.10.2017

Цена: 309 еур / 19.160 мкд за уплати до 23.09.2017
Редовна цена: 599 еур / 37.138 мкд

Во цената е вклучено:

* Повратна авионска карта Софија – Катанија – Софија

Софија – Катанија 14:00 ч. -> 14:50 ч.

Катанија – Софија 15:25 ч. -> 18:05 ч.

* 7  ноќевања со појадок во хотел President Park Hotel 4* или сличен
* Рачен багаж до 10 кг со димензии 42 x 32 x 25 см

Во цената не е вклучено:

* Превоз од Скопје до аеродромот во Софија
* Аеродромски такси – 50 € / 3.100 денари
* Трансфер аеродром – хотел – аеродром  –  10 € по особа во правец / 620 денари
* Патничко осигурување / 248 денари
*Доплата за соба со балкон – 35 € по лице / 2.170 денари
* Индивидуални трошоци за време на патувањето

Содржина

  • AIR CONDITIONING
  • COFFEE
  • COMPLIMENTARY BREAKFAST
  • CONFERENCE ROOM
  • SWIMMING POOL

Типови на сместување

Двокреветна соба

Макс. Возрасни: 1

Термини
Тип
Возрасни

Октомври во Сицилија

Сицилија,Италија

Скриени рајски плажи, богата и интересна историја и приказните за мафијата кои е невозможно да не се слушнат, се главните адути на Сицилија кои ги примамуваат туристите од цел свет да го посетат овој медитерански остров. Сицилија, еден од најголемите острови на Средоземното Море, е италијански регион со посебен статус, широка политика и управна автономија, чиј главен град е Палермо. Овде секоја година се „провлекуваат“ илјадници туристи од сите краеви на светот.

Ви треба помош?

За помош или резервација на било која понуда, Ве молиме јавете се на:

02/6147437

078/368-048

Слични Аранжмани




© 2015 ОдмориСе | Сите права се задржани. | Авторски права


Контакт информации

ОДМОРИ СЕ ТРАВЕЛ ДООЕЛ
Кочо Рацин бр.14, 1000 Скопје
Работнички Универзитет (ЦЕНТАР)
Тел: 02 614 74 37
Моб: 078 368 048
Емаил: contact@odmorise.mk
Информатор

Оставете Ваш e-mail за да ги добивате нашите актуелни понуди.