ПОРТО
16.11.2017 – 21.11.2017

Предлог програма:

1 ден-  Скопје-Порто- Тргање од Скопје во 13:00 часот. Пристигнување во Порто во 22:45 часот. Ноќевање.

2 ден- Порто- Појадок. Слободен ден за индивидуална прошетка низ Порто, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство. Прошетка до улицата Света Катерина и можност за уживање со добро кафе во кафе-барот Мажести.

3 ден- Порто- Панорамско разгледување на градот -возење низ главните градски булевари-Катедрала од 12. Век, Клеригош кула, Плоштадот Умберто Делградо,  железничката станица „Сао Бенто“ изградена во стил на француската ренесанса, Старата Берза што е подигната на местото каде што се наоѓал манастир посветен на Свети Франциско. Препорачуваме прошетка  низ Рибеира, историски кварт на брегот на река Дуоро. Посета на впечатливиот мост Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел.

4 ден- Порто- Посета на Гаја, гратче од другата страна на реката Дуоро, каде ќе имате можност да ги дегустирате локалните вина од категоријата на најдобри европски вина. Високо квалитетното вино и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби го прославиле Порто како едно од најдобрите туристички места во Европа . Ноќевање.

5 ден- Порто- ПојадокСлободно време за индивидуални активности и можност за факултативни излети. Наша препорака е крстарење со брод по река Доуро. Попладне можност на посета на Клеригош кула виока 75 м, Serralves – музеј на современа уметност , или Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби.

6 ден- Порто-Скопје- Трансфер од хотелот до аеродромот. Лет за Скопје во 08:55 часот. Во Скопје се стигнува во 23:55.

Цена на аранжманот: 299 евра / 18.538 денари – по лице | за уплати до 22.09.2017
Редовна цена: 389 евра / 24.118 денари – по лице | за уплати после 22.09.2017

 

Во цената е вклучено:

 Авионски превоз на релација: Скопје – Порто – Скопје
 Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42 х 32 х 25см)
 Хотелско сместување на база 5 ноќевања со појадок во хотел Malaposta Hotel  3* 

Во цената не е вклучено:
 Аеродромски такси – 45 евра
 Патничко осигурување
 Трансфер аеродром-хотел-аеродром

Напомена: Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на цената во случај на зголемување на цената на авионските билети. За ова патување важат општите услови на ТА ОДМОРИ СЕ ТРАВЕЛ и СКТМ

Содржина

Типови на сместување

Порто – индивидуално патување

Порто,Португалија

Порто е неверојатно шармантен град и претставува точен одраз на португалската култура во минатото и сегашноста. Порто е вториот по големина град во Португалија, но стариот град е едноставно премногу волшебен и заслужува да биде во топ 10 најромантични градови во Европа.

Ви треба помош?

За помош или резервација на било која понуда, Ве молиме јавете се на:

02/6147437

078/368-048

Слични Аранжмани




© 2015 ОдмориСе | Сите права се задржани. | Авторски права


Контакт информации

ОДМОРИ СЕ ТРАВЕЛ ДООЕЛ
Кочо Рацин бр.14, 1000 Скопје
Работнички Универзитет (ЦЕНТАР)
Тел: 02 614 74 37
Моб: 078 368 048
Емаил: contact@odmorise.mk
Информатор

Оставете Ваш e-mail за да ги добивате нашите актуелни понуди.