** Нова Година во РИМ **

31.12.2017 – 04.01.2018

 

Предлог програма:

1 ден : Скопје – Рим :

Лет од Скопје за Рим во 13:15 часот. Пристигнување во Рим во 15:00. Индивидуален трансфер  и сместување во хотел. Препорачуваме панорамски разглед на градот: Виа Венето, Шпански скали, Пјаца дел Пополо, Виа дел Корзо, Фонтана ди Треви, Плоштадот Венеција и Колосеумот… Попладнвна прошетка за шопинг. Ноќевање.

2 ден : РИМ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Ватикан: Сикстинската капела, Ватиканските музеи, црквата Св.Петар. Прошетка до Замокот на Ангелите и преку мостот на Ангелите до Плоштадот Навона, позната и како уметничка четврт на Рим. Посета на Пантеонот. Ноќевање.

3/4 ден : РИМ

Можност за пријатна прошетка низ Рим со метро и посета на црквите Сан Џовани Латерно,  Сан Пјетро ин Винколи, Колосеумот со Римскиот форум … Вечерни прошетки во квартот Трастевере. Ноќевање.

5 ден : Рим – Скопје

Појадок. Одјавување од Хотелот. Индивидуален трансфер до аеродром и лет за Скопје во 15:30. Пристигнување во Скопје во 17:05.

 

Цена на аранжманот:
275 евра по лице – 17.050 денари за уплати до 20.10.2017

 

Во цената на пакетот е вклучено:

– Авионски превоз на релација: Рим – Солун
– Рачен багаж максимум 10 кг
– Хотелско сместување во хотел *** во центар на Рим/ 4 ноќевања со појадок

 

Во цената на пакетот не е вклучено:

– Аеродромски такси 35 eur – 2.170 ден.
–  Туристичка такса – 4 евра на ден по лице (се плаќа директно во хотелот на рецепција)
– Задолжително патничко здравствено осигурување 180 мкд

Содржина

Типови на сместување

Нова Година во РИМ

Рим,Италија

"Вечниот град", "Градот на седум брда" или "Престолнината на светот" е всушност една од најатрактивните и најпосетени европски дестинации. Рим е културно-историски центар на Италија и Европа, а стариот дел на градот е вистински музеј на отворено исполнет со остатоци од древни згради, триумфални капии, плоштади со фонтани, Цркви и Катедрали и познатиот Колосеум кој е најголемиот амфитеатар воопшто изграден во Римското Царство. Не пропуштајте ја посетата на Ватикан, на Колосеумот, Црквата Св. Петар, Шпанските скали, Виа Венето и секако фрлете паричка во фонтаната Ди Треви со желба повторно да дојдете во овој град кој ќе ви остане во незаборавно сеќавање.

Ви треба помош?

За помош или резервација на било која понуда, Ве молиме јавете се на:

02/6147437

078/368-048

Слични Аранжмани




© 2015 ОдмориСе | Сите права се задржани. | Авторски права


Контакт информации

ОДМОРИ СЕ ТРАВЕЛ ДООЕЛ
Кочо Рацин бр.14, 1000 Скопје
Работнички Универзитет (ЦЕНТАР)
Тел: 02 614 74 37
Моб: 078 368 048
Емаил: contact@odmorise.mk
Информатор

Оставете Ваш e-mail за да ги добивате нашите актуелни понуди.