МИЛАНО во Мај

Термин: 25.05.2018 – 29.05.2018

 

Предлог програма:

1 Ден  СКОПЈЕ – МИЛАНО  Авионот за Милано полетува во 13:30, слетува во 15:30 часот. Сместување во хотелот. Можност за прошетка, вкусување на некој италијански специјалитет. Ноќевање.

2 Ден МИЛАНО Прошетка по најмонденската улица Спига каде што свои бутици имаат речиси сите познати модни креатори. Почувствувајте ја највисоката мода во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, изградена во период 1865-1867 година, импресивна градба, фасада со царски лик, а, внатрешноста плени со многу луксуз и детали за восхит. Во средината на Галеријата е поставен плоштад – октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија – Рим, Фиренца, Милано и Торино (традицијата вели дека ако едно лице ја стави петата на гениталиите на бикот и се сврти во круг три пати, ова ќе му донесе среќа). Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро или уживање во прекрасните ресторани. Ноќевање.

3 Ден МИЛАНО Препорачуваме разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Galleria Vittorio Emanuele што ги поврзува Катедралата Дуомо и една од најпознатите оперски куќи во светот, Миланската Скала, градската куќа на Милано… Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе.

4 Ден МИЛАНО – СКОПЈЕ Појадок. Одјавување од хотелот. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром. Лет за Скопје во 16:00 ч. Пристигнување во Скопје во 18:00 часот.

Ценаод 199 € / 12.338,00 денариза уплати до 14.04.2017
Регуларна цена  299 € 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје
– 10 кг Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23см)
– 3 ноќевања со појадок во Alga Hotel 3* или сличен

Во цената на пакетот не е вклучено:

– Аеродромски такси 35 евра
– Трансфер: аеродром – хотел – аеродром
– Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во хотелот)

 

Напомени:
– Цената на аранжманот зависи од моментално расположливите места на Авио компанијата и хотелите
– За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ОДМОРИ СЕ ТРАВЕЛ

Содржина

Типови на сместување

Милано во Мај

Милано,Италија

Град на модата, културата и фудбалот!!! Замокот Сфорца е вистински “празник за очи” за љубителите на уметноста и архитектурата. Прекрасни плоштади, живописни ресторани. Миланската Скала е една од најпознатите и најценети оперски куќи. Почувствувајте ја високата мода во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele. Доживејте ја Италија со порција паста, пица, единственото капучино и црвено миланско вино.

Ви треба помош?

За помош или резервација на било која понуда, Ве молиме јавете се на:

02/6147437

078/368-048

Слични Аранжмани




© 2015 ОдмориСе | Сите права се задржани. | Авторски права


Контакт информации

ОДМОРИ СЕ ТРАВЕЛ ДООЕЛ
Кочо Рацин бр.14, 1000 Скопје
Работнички Универзитет (ЦЕНТАР)
Тел: 02 614 74 37
Моб: 078 368 048
Емаил: contact@odmorise.mk
Информатор

Оставете Ваш e-mail за да ги добивате нашите актуелни понуди.