МАЛТА

20.10 – 27.10.2017

Малата, но фасцинантна островска држава сместена во центарот на Медитеранот веднаш ќе ве освои со својата безвременска убавина.

Овој мал архипелаг на Средоземно Море отсекогаш бил стратегиски центар каде што свои траги оставиле Феничаните, Римјаните, Византијците, Арапите, Французите, Британците… Речиси два и пол века таму престојувале малтешките витези од редот на св. Јован Крстител.

Малта претставува една од најинтересните дестинации бидејќи важи за место со мистично, средновековно минато. Нејзината преубава престолнина Ла Валета е град-тврдина во кој се крие целата историја од крстоносните војни,  голем број преубави палати и цркви. Благодарение на благата клима, убавите плажи со чисто и бистро море, како и богатата историја, Малта претставува магнет за туристите.

Кога ќе дојдете во Малта, прво што ќе забележите се куќите изградени од варовник, кој претставува единствен градежен материјал, а може да се каже и заштитен знак на островот. Овој камен на сонце ја менува својата боја од бела во бледо жолта и се стврднува, но баш таков е најлесен за одржување. Иако на Малта нема многу песочни плажи, вредните Малтежани ги обработиле и дотерале камените плажи, така што изгледаат прекрасно и волшебно.

Друга атракција се познатите малтешки чамци, кои ве водат на романтично возење како во некои минати времиња. Кога ќе зачекорите во кривите и тесни улички ќе ве изненадат капиите на куќите. Тие го задржале колоритот на Медитеранот, а сепак го имаат духот на новото време.

Со Малта владееле многу сили, кои оставиле трага во богатата култура. На островот се чувствува близината на Италија (Сицилија се наоѓа блиску на југот од Малта), на Англија потсетува возењето од лева страна и тоа што покрај малтешкиот јазик официјален јазик е и англискиот, а арапското влијание е видливо во архитектурата. Токму комбинацијата од сите култури и карактеристиките од освојувачите низ вековите им дава посебна привлечност на локалните жители. Медитеранот особено се чувствува во кујната. Се јаде многу риба и се пијат италијански вина. Специјалитети во храната, покрај рибата, се и малтешкиот зајaк, туната и пикантните колбаси, кои ќе ви откријат еден поинаков вкус.

Ценаод 329 € / 20.398,00 денари | за уплати до 22.09.2017

Цена: од 549 € за уплати после 22.09.2017

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Авионски превоз на релација: Скопје – Малта – Скопје
  • Сместување во Beach Garden Hotel 3* во Малта на база 7 ноќевања со појадок
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Трансфер од Аеродромот на Малта до избраниот хотел
  • Доплата за голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.100 денари или Доплата за багаж (1 торба/куфер со максимум 23kg) 5.000 денари
  • Аеродромски такси од 50 е
  • Патничко – здравствено осигурување 250 денари
Напомени:
  • Цената е по лице
  • За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Содржина

Типови на сместување

Двокреветна соба

Макс. Возрасни: 1

Термини
Тип
Возрасни

Малта

,Малта

Фасцинантната островска држава сместена во центарот на Медитеранот веднаш ќе ве освои со својата безвременска убавина. Малта претставува една од најинтересните дестинации бидејќи важи за место со мистично, средновековно минато. Нејзината преубава престолнина Ла Валета е град-тврдина во која се крие целата историја од крстоносните војни, голем број преубави палати и цркви. Благодарение на благата клима, убавите плажи со чисто и бистро море, како и богатата историја, Малта претставува магнет за туристите.

Ви треба помош?

За помош или резервација на било која понуда, Ве молиме јавете се на:

02/6147437

078/368-048

Слични Аранжмани




© 2015 ОдмориСе | Сите права се задржани. | Авторски права


Контакт информации

ОДМОРИ СЕ ТРАВЕЛ ДООЕЛ
Кочо Рацин бр.14, 1000 Скопје
Работнички Универзитет (ЦЕНТАР)
Тел: 02 614 74 37
Моб: 078 368 048
Емаил: contact@odmorise.mk
Информатор

Оставете Ваш e-mail за да ги добивате нашите актуелни понуди.