ВЕНЕЦИЈА за 8ми Март
06.03.2018 – 10.03.2018

 

Прв ден 06.03.18

Состанок на групата на аеродромот „Александар Велики“ во 11:00 часот (наутро). Полетување за Тревизо, во близина на Венеција, во 13:20. Слетување во Тревизо (Венеција во 15:05). Организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотелот . Време за краток одмор во хотелот. Слободно време за прошетка низ Венецијанските улици и канали каде ќе ја почуствувате магијата на градот и ќе уживате во вкусната италијанска кујна. Ноќевање.

Втор ден 07.03.18

Појадок. Организиран факултативен разглед на Венеција со професионален водич при што ќе се видат плоштадот Сан Марко со базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната саат-кула, Мостот на воздишките, мостот Риалто . Враќање во хотел. Ноќевање.

Трет ден 08.03.18

Појадок. Факултативна екскурзија во Верона – градот на Ромео и Јулија….Посета на плоштадот Ербе, Данте и Бра, Арената – втора по големина во Италија, Куќата на Јулија…слободно време за шопинг во Верона. Враќање во Венеција во вечерните часови. Ноќевање.

Четврти ден 09.03.18

Појадок. Факултативна екскурзија до магичните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано со водич. Ке присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, при што постoи можност да купите прекрасни рачно изработени стаклени производи. Враќање во Венеција и слободно време за ручек. Ноќевање во хотелот.

Петти ден 10.03.2018

Појадок. Одјавување од хотел. Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15:35 ч. Слетување во Скопје во 17:15 ч.

 

ЦЕНА: 199 еур / 12.338 мкд  – за резервации до 20.11.2017
ЦЕНА: 299 еур / 18.538 мкд – редовна цена

Можност за плаќање на 4 еднакви рати:

Прва рата:  3.400 денари (најкасно до 20.11.2017)
Втора рата:  3.400 денари (најкасно до 20.12.2017)
Трета рата:  3.400 денари (најкасно до 20.01.2018)
Четврта рата: 3.400 денари (најкасно до 20.02.2018)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следниве услуги:

  • Авио билет на релација Скопје – Венеција – Скопје
  • Рачен багаж (1 торба со димензии 54х45х25см)
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во Hotel Centrale 3* на база 4 ноќевања со појадок
  • Професионален туристички водич за време на целата екскурзија Придружник на патувањето, организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следниве услуги:

  • Аеродромски такси – 30 евра / 1.860 мкд
  • Доплата за багаж (1 торба/куфер со максимум 32 kg) 2000 денари
  • Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во хотелот на лице место, при земањето на клучевите од собите)
  • Карти за локален превоз со брод или автобуски превоз од Местре до Венеција/плоштадот Свети Марко Факултативен излет до островите Мурано и Бурано – 20 евра
  • Влезници во локалитетите Патничко осигурување 200 мкд по лице

Напомена: За реализација на аранжманот потребна е бројка од минимум 20 патници. За ова патување важат општите услови на ТА ОДМОРИ СЕ ТРАВЕЛ и СКТМ.

Содржина

  • AIR CONDITIONING
  • COFFEE
  • FREE PARKING
  • FRIDGE
  • TELEVISION
  • WI_FI

Типови на сместување

Двокреветна соба

Макс. Возрасни: 2

Термини
Тип
Возрасни

Венеција за 8ми Март

Венеција,Италија

  Венеција – прекрасна и единствена, недостижен оригинал за градовите ширум светот кои потсетуваат на неа но, само со гордост со неа се споредуваат. Венеција е една од најбогатите ризници на италијанската и европската архитектура, култура и уметност. Нејзиното создавање почнало во 5-ти век во пространа лагуна на устието на реката Бренте во Венецијанскиот залив, на преку 100 мали острови раздвоени со околу 180 канали и со преку 400 мостови. Комплетното богатство на Венеција се неколку стотици палати и преку 90 цркви – сите дел од светското културно наследство ставено на листата на УНЕСКО.

Ви треба помош?

За помош или резервација на било која понуда, Ве молиме јавете се на:

02/6147437

078/368-048

Слични Аранжмани




© 2015 ОдмориСе | Сите права се задржани. | Авторски права


Контакт информации

ОДМОРИ СЕ ТРАВЕЛ ДООЕЛ
Кочо Рацин бр.14, 1000 Скопје
Работнички Универзитет (ЦЕНТАР)
Тел: 02 614 74 37
Моб: 078 368 048
Емаил: contact@odmorise.mk
Информатор

Оставете Ваш e-mail за да ги добивате нашите актуелни понуди.