БАРСЕЛОНА

Термин 09.04-13.04 .2018

Цена : 429 евра

Сигурна реализација !!!

1-ДЕН СКОПЈЕ-БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:30 часот. Полетување за Барселонa во 18:30 ч. Пристигнување во Барселона во 21:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање

2-ДЕН БАРСЕЛОНА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД–РАМБЛАС,МАРЕМАГНУМ)

Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона со метро: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо,Готскиот кварт Минувајќи низ неколку улици ќе ја здогледате импозантната градба ,Гаудиевото животно дело – Саграда Фамилија. Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Следува слободно време за индивидуални активности и можност во шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе пауза, ручек или шопинг. Навечер Ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Враќање во хотел. Ноќевање

3-ДЕН БАРСЕЛОНА (ПАРК ГУЕЉ,ШПАНСКО СЕЛО,ТИБИДАДО )

Појадок во хотел. Ви нудиме факултативен излет за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Првин одиме во посета на паркот Гуељ, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и е значајна знанемитост на Барселона . На влезот во паркот , кој што е огромен и каде што ќе доживеете необјасниво смирување и спокојство , иако туристи од разни континенти буквално го преплавуваат целиот парк ,се наоѓаат Гаудиевата куќа и гуштер облепен со скршени керамички плочки , изработка по гаудиевата техника “тренкадис” . Посетата продолжува кон Тибидабо , (највисоката точка во Барселона -512 метри надморска височина ) паркот Гуел се наоѓа во подножјето на брдото Тибидабо . Од ова брдо се пружа совршен и најубав поглед на цела Барселона и морето , тука може да уживате ,да се напиете кафе , сок и сето тоа додека музицира локален бенд , расположен за добра свирка и забава.Потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Враќање во хотел со метро.Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

4-ДЕН БАРСЕЛОНА (НОУ КАМП,КАСА МИЛА,КАСА БАТЛО,ФЛАМЕНКО)

Појадок. По појадокот факултативен излет до еден од најпознатите стадиони во светот Nou Camp на кој игра фудбалскиот куп Барселона, ќе имате можност да го видите музејот на клубот со многу бројните трофеи. Препорачуваме посета на редот Мон Жуик со олимпискиот стадион и спортската палата. На враќање ке го видиме ремек делото на шпанскиот архитект Антонио Гауди Каса Батло (Casa Batllo) или Куќата од коски изградена во почетокот на 20 век, а наспроти неа ке ја видиме и Каса Мила (Casa Mila) или Ла Педрера, куќата без работи која додека ја набљудувате имате впечаток како да гледате во смрзнати бранови. Организирана факултативна Фламенко вечера во ресторан каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоу, фламенкото преставува национален танц на шпанија кој преставува микс на музика и танц. Враќање во Хотел со метро. Ноќевање

5-ДЕН БАРСЕЛОНА

Појадок.Напуштање на хотел и прошетка до Олимпиското пристаниште и плажата Барселонета. Можност за посета на Аквариумот –еден од наголемите и најубавите во Европа.Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром. Лет за Скопје во 21:55 ч.Пристигнување во Скопје во 00:40ч.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски превоз на наведената дестинација Скопје – Барселона – Скопје со Wizzair
  • Рачен багаж ( багаж до 10 кг. Голема кабинска торба ) димензи 55 х 45 х 23
  • Трансфер аеродром хотел аеродром
  • Сместување во хотел со 4* на база 4 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Барселона по  програмата со локален водич
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

  • Аеродромски такси 35 €
  • Посета на парк Гауди и Шпанско село 55 €
  • Посета на Аквариумот 35 €
  • Посета на Фламинко шоу  60  €  (со вечера )
  • Посета на Фламенко шоу 40€  ( без вечера)
  • Вечера во хотел 25 €
  • Туристичка такса се плаќа во хотел – 1, 00 € по ден
  • Билети за јавен превоз со метро
  • Патничко–здраствено осигурување 5 €
  • Доплата за еднокреветна соба 150 €

 

Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор!

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.

Содржина

Типови на сместување

Двокреветна соба

Макс. Возрасни: 1

Термини
Тип
Возрасни

Барселона – Велигденско патување

Барселона,Шпанија

Барселона – кралицата на Каталонија, освојува на прв поглед. Град со прекрасна архитектура, град кој го воодушеви Пикасо, градот на Гауди, Хуан Миро, Колумбо, паељи, град на современиот дизајн, град на брегот на Средоземното Море, град кој го крие звукот на брановите и тајните на морнарите, град каде мирисот на морето Ве опива и заведува. Само еден ден, секако не е доволен да ја сфатите магичноста со која Ве мами оваа кралска убавица. Улицата Рамбла, најпознатата авенија не само во Барселона туку и во цела Шпанија, големиот Аквариум - втор по големина во Европа, брдото Монжуик, катедралата Саграда Фамилија, стадионот Ноу Камп, Магичните фонтани, се само дел од најпознатите туристички атракции на оваа убавица кои ќе допринесат, Вашиот престој да биде врежан длабоко во Вашите спомени. Дозволете убавите работи едноставно да бидат дел од Вас.

Ви треба помош?

За помош или резервација на било која понуда, Ве молиме јавете се на:

02/6147437

078/368-048

Слични Аранжмани




© 2015 ОдмориСе | Сите права се задржани. | Авторски права


Контакт информации

ОДМОРИ СЕ ТРАВЕЛ ДООЕЛ
Кочо Рацин бр.14, 1000 Скопје
Работнички Универзитет (ЦЕНТАР)
Тел: 02 614 74 37
Моб: 078 368 048
Емаил: contact@odmorise.mk
Информатор

Оставете Ваш e-mail за да ги добивате нашите актуелни понуди.